Астибо Фешн Груп беше дел од модниот настан  #Sustainablestorymk (организиран од Моден викенд Скопје и Асоцијацата за мода во соработка со Министерството за економија, поддржано од Министерството за култура) во рамки на манифестацијата “Нов бран на модата 2018“ и Британскиот совет. Идејата//Концепцијата на ревијата беше да се презентираат капсулни колекции креирани од текстилни отпадоци, нагласувајќи ја важноста дека дури и отпадоците се убави ако повторно се искористат на правилен начин. Неколку амбициозни дизајнери работеа на своите колекции под водство на дизајнерката Ирина Тошева. Заклучокот беше дека примерот на АФГ ќе го следат и другите, заштитата на животната средина може да резултира со убави, современи форми на модата.

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now